Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето Х.О., во својство на управител на правниот субјект АТ-СИ ГРОУП ДООЕЛ Скопје, лицата С.З., Ж.З. , И.П. , и правниот субјект АТ-СИ ГРОУП ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело ИЗМАМА по член 247 ст.1 од КЗ, ФАЛСИФИКУВАЊЕ И УНИШТУВАЊЕ ДЕЛОВНИ КНИГИ по член 280 ст.1 од КЗ и ПОМАГАЊЕ по член 24 од Кривичниот Законик.
Соопштение за јавноста
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе Кривична пријава против
Д. Д. Управител и сосопственик на Друштвото за производство, трговија и услуги Делев-трејд ДООЕЛ Струмица до 15.04.2014 година,
Н. Д. Управител и сопственик на Друштвото за производство, трговија и услуги Делев-трејд ДООЕЛ Струмица од 25.04.2016 година како и управител на Друштвото за производство, трговија и услуги Делев ДООЕЛ Струмица од 29.01.2015 година до 13.04.2016 година,
Ј. Д. Оновач и сопственик на Друштвото за производство, трговија и услуги Делев ДООЕЛ Струмица каде била и управител до 29.01.2015 година,
Друштвото за производство, трговија и услуги ДЕЛЕВ-ТРЕЈД ДООЕЛ Струмицасо ЕМБС 5743303 и ЕДБ 4027003136671, со седиште на ул. Гоце Делчев бр.117, Струмица и
Друштвото за производство, трговија и услуги Делев ДООЕЛ Струмицасо ЕМБС5322405 и ЕДБ 4027999124399 со седиште на ул. Маршал Тито бр.134, Струмица.
Соопштение за јавноста
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против:
С. С., во својство на Претседател на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од 25.10.2012 до 14.10.2016 година;
А. Р, во својство на член на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од31.01.2014до05.08.2017година;
Н Ј, во својство на член на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од 31.01.2014до13.04.2016година;
К.А., во својство на член на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од31.01.2014до05.08.2017година;
К.Г., член на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од 24.06.2009 до 17.02.2016 година;
Н. К,во својство на член на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од26.07.2019доденес;
С. В, во својство на член на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од 31.01.2014 до 05.08.2017 година;
поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА од член 353-в ст.3 од Кривичниот Законик;
Соопштение за јавноста
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Р.Б во својство на сопственик и управител на ТД ХИСАР ТУРИЗАМ ДООЕЛ Скопје поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување предвидено и казниво по член 279 став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.
Соопштение за јавноста
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против :
Л. Д. во својство на директор на Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност
З. З. во својство на управител и сопственик на Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛ Скопје;
А. Г., во својство на надворешен соработник во Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност;
А. П. во својство на благајник во Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност