Во знак на подрршка во остварување на хуманитарни цели и задачи директорот на Управата за финансиска полиција оствари средба со Генералниот секретар на Црвениот Крст на Република Северна Македонија
На ден 22.02.2022 година директорот на Управата за финансиска полиција оствари средба со Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити. На средбата од страна на Генералниот секретар Саит Саити беше претставена работата на Црвениот крст на Република Северна Македонија...
Соопштение за јавноста
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против три физички лица од кои: првопријавениот – организациски директор на ЈЗУ Клиника за токсикологија Скопје, второпријавениот во својство на управител на правното лице Уни – Медикал ПСТ Скопје и третопријавената како службено лице во Агенцијата за лекови и медицински средства, поради постоење на основано сомнение дека пријавените сториле кривично дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ од член 353 став 5 вв став 1 од Кривичниот законик, кривично дело ПОТТИКНУВАЊЕ од член 23 став 1 од Кривичниот законик и кривично дело ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА од член 361 став 1 од Кривичниот законик и кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА од член 353 – в став 1 од Кривичниот законик.