Соопштенија

Кривична пријава за директор на Управата за заштита

Чет, 22.03.2018 - 10:39
Управата за финансиска полиција до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе Кривична пријава против лицето П.К. - поранешен директор на Управата за заштита на културно наследство, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело "Злоупотреба на службената положба и овластување" од член 353 ст.5 в.в.ст.3 и 1 од КЗ на РМ и против лицето Ш.Ц. од Р.Хрватска во својство на одговорно лице во Конструктор Инженеринг АД Сплит

Запленето возило што ги поврзува Доневски и Секјуриком

Пет, 16.03.2018 - 10:10
Директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми истакна дека во рамки на предистражната постапка за проневерени околу 11 милиони евра преку тендер спроведен од владината Служба за општи и заеднички работи, што го добила компанијата Секјуриком, меѓу другото, запленето било патничко возило што ги поврзува инкриминираните страни.

Кривична пријава за директорката на Агенцијата за филм

Сре, 06.12.2017 - 10:40
Управата за финансиска полиција во консултација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Директорот на Агенцијата за филм М.Ѓ.И која  во период од 26.10.2016-18.09.2017 злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување склучила Анекс Договор со кој извршила промена на условите на основниот Договор за финансирање на проектот играната серија "Македонија" во корист на државјанин на Р.Хрватска и Јадран...

Кривична пријава за одговорни лица на АД Мепсо

Сре, 06.12.2017 - 10:04
Во период од месец ноември 2016 година до месец август 2017 година К.А., поранешен Директор за управување со пазарот на електрична енергија и член на УО, С.В., поранешен Директор за финансиски работи во Дирекција и член на УО и Н.Ј., поранешен Генерален Директор во својство на одговорни лица во АД Мепсо со неизвршување на својата службена должност и овластувања му нанеле значителна штета на АД Мепсо Скопје во износ од 42.408.965,00 денари.

Кривична пријава против директор на Фени Индустри

Чет, 02.11.2017 - 10:38
Управата за финансиска полиција поденес кривична пријава против Ј.М во својство на извршен директор на Друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги Фени индустри АД Кавадарци. Злоупотребувајќи ја службената положба и овластување незаконски отуѓил дел од подвижните предмети врз кои банките имале воспоставено заложно право.