Правна регулатива

Учествуваме во регулацијата на правните рамки во борба против секакви финансиски криминални дела и активности

Проекти

Организирано учествуваме во реализација на низа проекти кои битно ќе влијаат на целокупната организација и успех во работата

Соработка со институции

Поврзаноста со други институции ни овозможува да остваруваме подобро и брзо функционирање

Соопштение за јавноста

Сре, 06.10.2021 - 08:43
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две физички лица во својство на управители во правниот субјект ДТТУ “Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз, Пријавените во својство на управители во правниот субјект ДТТУ “Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз, во текот на 2017 година свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и правниот субјект “Радика Ресорт“ ДООЕЛ, во својство на инвеститори, без да обезбедат одобрение за градење и да платат давачки-комуналии, противправно започнале и извеле градежни активности – изградба на 9 нови објекти во функција на депанданси на хотел Радика, спротивно на член 57 од Законот за градење.

Прв академски час за учебна 2021/2022 на Факултетот за безбедност

Пон, 04.10.2021 - 16:11
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми на 01.10.2021 имаше чест да присуствува и да се обрати  на првиот академски час на новата студентска година на Факултетот за безбедност при...

Соопштение за јавноста

Пет, 01.10.2021 - 15:32
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на одговорно лице во правниот субјект,, Приватна здравствена установа- Специјална болница по гинекологија, акушерство и ортопедија САНТЕ ПЛУС ГРУП Скопје,, како и против правниот субјект.

Соопштение за јавноста

Пет, 24.09.2021 - 12:52
Почитувани, Ве известуваме дека Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против пет физички и три правни лица, од кои: првопријавениот - одговорно лице во Општина Петровец- Градоначалник во периодот од 2009 година до денес, второпријавениот – во својство на вистински сопственик и овластен потписник на банкарските сметки на пријавениот правен субјект АЦЕ ТРАНС КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје и правниот субјект ЛЕОМА ТРАНС ДОО Скопје, третопијавениот- во својство на инжинер за надзор, четвртопријавениот – во својство на сопственик и управител на пријавениот правен субјект СМ БАУ ДОО и овластен потписник на банкарските сметки на пријавениот правен субјект ЧОЛА ТОП ДООЕЛ Батинци, и петтопријавениот- во својство на управител на пријавениот правен субјект АЦЕ ТРАНС КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје

Соопштение за јавноста

Чет, 02.09.2021 - 15:32
Управата за финансиска полиција  до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на управител и сопственик на правно лице и  против правното лице Акчелик градба ДОО увоз извоз Скопје.

УФП склучи Меморандум за разбирање со Меѓународната група за управување ИМГ (International Management Group)

Сре, 01.09.2021 - 11:55
Управата за финансиска полиција на ден 26.08.2021 година склучи Меморандум за разбирање со Меѓународната група за управување (ИМГ), со цел овозможување на поддршка од страна на ИМГ во врска со успешна имплементација и/или администрирање на низа можни развојни проекти дизајнирани за поддршка на Управата.

Координативен состанок со Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси

Пон, 19.07.2021 - 15:55
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, во рамки на редовните координативни активности на Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупциј...

Електронски систем за поднесување пријави за потенцијални сомнежи за корупција

Пон, 19.07.2021 - 15:51
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми учествуваше на состанок во Владата на Република Северна Македонија на кој беше презентиран Електронскиот систем за онлајн поднесување и следење на пријави.

Обраќање на директорот Арафат Муареми на завршната конференција организирана од страна на Коалиција „Сите за правично судење“

Пон, 19.07.2021 - 15:48
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми учествуваше на завршната конференција организирана од страна на Коалицијата „Сите за правично судење“...

ИНТЕРВЈУ со Директорот на управата за финансиска полиција Муареми: Истрагите за злоупотреба на буџетски средства без поддршка на Јавното обвинителство се само статистички податоци

Пон, 19.07.2021 - 13:03
Во интервју за „Локално“, директорот oбјаснува дека обрвската за докажување на потеклото на легално стекнатиот, или евентуално нелегално стекнат имот ќе дадат многу одговори, меѓу кои  и на актуелните афери поврзани со познати имиња од бизнисот и политиката , врзани со огромни суми пари кои се нудат за кауција.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Медиуми
Interpol Olaf Europol